Бадникова поворка по кумановските улици

06.01.2020 20:47 | KumanovoNews

Околу 200 дечиња заедно со нивните родители денеска учествуваа во Бадниковата поворка во Куманово, која го најави Христовото раѓање.

Бадникова поворка по кумановските улици

Поворката во 10 часот тргна од соборниот храм „Свети Никола“ и по централните градски улици во 11 часот стигна во Занаетчискиот дом.

„Дечињата ја носеа пештерата што ја симболизира Витлеемската пештера и ѕвездичките  кои ја симболизираат Витлеемската ѕвезда, која што го покажала патот на мудреците до пештерата. Дечињата ја пееја песничката Вечниот Бог “, - изјави Ана Денковиќ – Антевска, од  здружението „Бадникови поворки“.

 Дечињата ги пречека градоначалникот Максим Димитриевски, кој им врачи подароци.

Организацијата на Бадниковата поворка ја помогнаа повеќе граѓански, хуманитарни здруженија и бизнис заедницата од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk