Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oколу триста дечиња од Куманово, ќе бидат дел од Бадниковата поворка, која ќе го најави Христовото раѓање.
Поворката ќе тргне во понеделник во 9.30 часот, од пред Соборниот храм „Свети Никола“, а ќе продолжи по улицата „Гоце Делчев“, „Трета МУБ“, „Народна револуција“ и ќе заврши во Занаетчискиот дом.
„Бадник е празник над празниците, ден пред Божиќ. Ги поканувам сите православни христијани и љубители на нашата традиција да си ја сочуваме и да ни се придружат, затоа што се добредојдени. Претходните години имавме поддршка и од Локалната самоуправа и бевме примени кај градоначалникот на Општина Куманово, се надевам дека ќе биде така и оваа година“-вели Ана Денковиќ Антевска од здружението „Бадникови поворки“.
Оваа поворка е во организација на здружението „Бадникови поворки“, а како и секоја година традиционално за време на прошетката ќе биде испеана песната „Вечниот бог“.
Таа додава и дека за разлика од претходните години, во рамките на оваа година имале и работилници во Соборниот храм во кој изработувале и витлеемски ѕвездички и слатки кои децата ќе ги носат за време на поворката.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk