Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во селото Бајловце, вчера по шести пат, се одржа манифестацијата “Бајловски средби 2014“, организирана од здружението “Козјачија во срцето“.
“Времето беше одлично, имаше околу 1500 гости од Куманово, Скопје, иселеници, гости од Србија. Задоволни сме од тоа како помина манифестацијата и имавме програма на едно високо ниво. Пред присутните настапија КУД “Ѓоко Симоновски“, КУД“Срма“ и КУД “Српски вез““ - изјави Зоран Бојковски, претседател на “Козјачија во срцето“.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски. Потоа жени од Бајловце, Куманово и Скопје се натпреваруваа во подготовка на најубава баница, а беа прикажани и свадбарските обичаи од старата Козјачко - бајловска свадба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk