Бајловски средби и оваа година

23.09.2014 12:13 | KumanovoNews

Во село Бајловце, во недела, ќе се одржи манифестацијата “Бајловски средби 2014“, која ја организира здружението “Козјачија во срцето“ под покровителство на општина Старо Нагоричане.

Бајловски средби и оваа година

 Според организаторите, свеченото отварање на манифестацијата ќе биде во 11 часот откако предходно ќе се извршат неопходните подготовки и ќе се одржи литургија во црквата “Свети Димитрија“ .

“Манифестацијата ќе ја отвори покровителот, градоначалникот Милован Стојковски. Ќе има избор на најдобра  баница по рецепт на нашите баби . Пријавени се учеснички од Скопје, Пехчево, Куманово и жените од селото кои ќе прават баници. Лани имавме 1000 посетители, а се надеваме дека оваа година ако не послужи времето ќе има повеќе гости“ - изјави Зоран Бојковски, претседател на “Козјачија во срцето“.

 Манифестацијата ќе биде проследена со богата има културно - уметничка програма,  прикажување на старата Козјачко - бајловска свадба, настап на културно - уметничките друштва “Српски вез“, “Срма“, “Ѓоко Симоновски“ и учениците од училиштето во Бајловце.

За граѓаните кои сакаат да бидат дел од  манифестацијата ќе има организиран превоз од пред “Жмара“ во 8.30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk