Бајловски средби во недела

24.09.2013 10:50 | KumanovoNews

 Во селото Бајловце во недела ќе се оддржи манифестацијата “Бајловски средби 2013“.

Бајловски средби во недела

Според програмата на организаторите дружењето ќе се одвива пред Задружниот дом, откако во 9.30 часот ќе се одржи литургија во црквата „Свети Димитрија“. Потоа ќе следи прием на гости, спортски селски игри, аранжирање на масите, поставување на баници, отварање на манифестацијата, демонстрирање на стара Козјачко - Бајловска свадба, настап на КУД “Срма“ и КУД“Ѓоко Симоновски“. Дел од настанот ќе бидат и учениците од училиштето во село Бајловце.

“Бајловски средби 2013“ ги организираат месната заедница во селото заедно со здружението “Козјачија во срцето“ , под покровителство на градоначалникот Милован Стојковски и Совет на Општина Старо Нагоричане.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk