Бајруш излегува од затвор

07.12.2010 12:13 | KumanovoNews

Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 1.400.000 евра, Сејдиу да замине од Шутка во домашен притвор.  

Бајруш излегува од затвор

Барањето за излез од Шутка, Основниот суд Скопје 1 го одбил но, Апелацискиот суд ја прифатил жалбата и по две години притвор одлучил Бајруш Сејдиу да биде во домашен притвор.

Сејдиу понудил гаранција дека нема да бега и редовно ќе се појавува на рочиштата.

Тој во март  беше осуден на пет години затвор по акцијата “Пепел“ за нелегално производство на цигари и други кривични дела. Пресудата не е правосилна.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk