Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во Центарот за култура во Куманово

19.04.2023 08:03 | Оливера Пешевска

Во големата сала на Центарот за култура Трајко Прокопиев во Куманово утре во 20 часот ќе биде изведена Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ . 

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во Центарот за култура во Куманово

Претстава е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, а се  зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата и се одвива во 9 слики.

Музиката е на Калиопи Букле, кореографка и режисерка е Олга Панго, либретист и драматург Сашо Димоски и костимограф Раде Василев.

Настапуваат: Александра Мијалкова како Олга Коклова, Мими Поп-Алексова како Дора Маар, Ивана Коцевска,Саша Евтимова,Христина Наќевска/Билјана Басмаџиева-Ковачевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лоцеј, Агим Бафтии/Игор Веланоски и Ендру Кук.

Преставата премиерно е изведена во март минатата година во продукција на Националната опера и балет.
    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk