Балковски: Иднината на Македонија е во Европа и НАТО

17.04.2014 13:48 | KumanovoNews

Љупчо Балковски, носител на листа на ВМРО-Народна партија во втората изборна единица, заедно со неговите соработници, денеска беа во посета на Куманово, каде се сретнаа со граѓаните и ја презентираа нивната програма.

Балковски: Иднината на Македонија е во Европа и НАТО

Ние сме секојдневно присутни на терен, меѓутоа денеска бевме со граѓаните во централното градско подрачје. Мотото на нашата кампања е “Европа сега“ и наша цел е да ги охрабриме граѓаните на Општина Куманово слободно и демократски да размислуваат. Единственото решение за Македонија е брз влез во ЕУ и НАТО Алијансата, по што сите други проблеми ќе почнеме да ги решаваме. Како што сега стојат работите Македонија е во една очајна состојба. Морам да истакнам дека нашата опција е масовно прифатена од граѓаните, кои ни ја даваат подршката да истраеме и да очекуваме добри резултати на изборите, - изјави Балковски.

Балковски очекува дека ВМРО - НП ќе освоји 10 пратеници со што ќе влијаат на состојбите во државата и ќе придонесат за интеграција во ЕУ и НАТО. Од партијата на сите граѓани им го честитаа големиот христијански празник Велигден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk