Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Љупчо Балковски од ВМРО-НП е носител на листата за пратеници во втората изборна единица на Коалцијата ВМРО за Македонија.
Тој најавува позитивистичка кампања со квалитетна програма, која ќе им донесе победа на изборите, единство и економска стабилност на граѓаните и државата.
„Наспроти жестината на кампањите на СДСМ и ДПМНЕ, нашата кампања ќе биде позитивистички настроена за да сфати народот дека ние мораме да донесеме развој и напредок на Република Македонија. Со разни притисоци и недолична кампања од двете страни тоа нема да го постигнеме. Во кампањите партиите треба да покажат како ја гледаат иднината на државата. Со жестина и поделеност иднина не се гради, туку со луѓе кои имаат искуство а тоа е ВМРО за Македонија. Тука сме да им понудиме на граѓаните вистински избор, којшто ќе го одреди собранието, а потоа и владата, затоа што Македонија во перодот по изборите по 11 декември ја очекуваат крупни одлуки, кои можат да допринесат целата оваа состојба да се реши на европски начин, бидејќи ние припаѓаме на Европа и сакаме да бидеме членка во ЕУ и НАТО„, - вели Балковски.
Коалцијата ВМРО за Македонија ја започна кампањата со оддавање почит на паднатите борци од пред Споменикот на бранителите во Скопје, а вториот ден традиционално одржа митинг во Охрид. Планираат да ги постетат сите делови од Македонија и да ја презентираат програмата која се темели на три столба.
„Нашата програма ќе се сведе на три точки.Тоа е првенствено враќање на демократијата, бидејќи РМ во овие изминати 10 години ја изгуби демократијата, втората точка со која ќе настапиме на средбите и контактите со граѓаните е решавањето на економските проблеми и третата точка е изнаоѓање начин за брз влез во НАТО и ЕУ. На средбите со граѓаните во изборните единици ќе се обидеме на граѓаните да им ја вратиме надежта. Бидејќи јас сум носител на листата во изборната единица 2, конкретно во Куманово наша цел е да го подобриме квалитетот на живеење на граѓаните и да помогнеме да се решат клучните инфрастуктурни проблеми во градот“, - додаде Балковски.
Во моментот коалицијата е сконцентрирана на штабското работење, по што во наредниот период ќе организираат средби со граѓаните и митинзи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk