Бањата Стрновац отворена за капачи

20.05.2015 09:13 | KumanovoNews

 Од петокот бањата Стрновац во општина Старо Нагоричане е отворена за капачите.

Бањата Стрновац отворена за капачи

За разлика од лани, бањата сега е посредена, оградена, покриена, и веќе почнале да доаѓаат капачи од градовите од Македонија и од соседна Србија.

“Напорно работевме 12 дена за да ја подготвиме бањата за капачите. Водата од бањата преку канали ќе оди во реката, нема да има лизгање како претходно. Местото е бетонирано, оградено и останува да ставиме  кабини. Сезоната за капење треба да трае до ноември, но ако има интерес со инвестиции може да се прилагоди бањата и за во зимски период“ - вели Борко Соколовиќ, директор на јавно комунално претпријатије “Козјак“ од Старо Нагоричане.

Капачите плаќаат симболична сума од 50 денари за влез во бањата и овие средства се наменети за одржување на бањата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk