Бањата Стрновац со 20 отсто повеќе посетители од лани

21.09.2015 10:49 | KumanovoNews

Бањата Стрновац оваа година бележи за 20 отсто поголема посетеност во однос на лани, потврдуваат од јавното комунално претпријатије “Козјак“ од општина Старо Нагоричане.

Бањата Стрновац со 20 отсто повеќе посетители од лани

Оттаму велат дека постојаното уредување на бањата привлекло поголем број гости од Куманово, соседните градови и градовите од Јужна Србија. Директорот на “Козјак“, Борко Соколовиќ планира следната година просторот околу бањата да биде засаден со дрвца, цвеќе, да се постават повеќе бекатон плочки и слично.

Поставувањето на видео надзор, уредувањето на бањата, оградувањето прилече повеќе комитенти. Посетители има до 20 септември,  а потоа како што времето заладува така се намалуваат гостите. Ќе треба да подготвиме програма за работа за следната година, која ќе помине на Совет. Оваа година имаме за 20 отсто повеќе посетители од лани и се надеваме дека ќе биде подобро догодина - рече Соколовиќ.

Бањата најчесто  ја посетуваат луѓе од Куманово, Скопје, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Бујановац, Прешево и Врање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk