Бањата Стрновец ќе стане модерeн спа центар

05.08.2016 15:01 | KumanovoNews

 Термо-минералниот извор Стрновац, кој се наоѓа на 15- километри од Куманово во општината Старо Нагоричане, наскоро ќе се издава под концесија.

Бањата Стрновец ќе стане модерeн спа центар

Огласот ќе биде објавен за две недели, а можат да учествуваат сите заинтересирани стопанственици во државата.

„Овој локалитет е еден од најдобрите во државата и постојат идеални услови за развој на висок туризам, изградба на спа и велнес центри. Во Европа тоа е огромен тренд, а државите како Словенија и Унгарија имаат приходи од туризмот и до 1,5 милијарди евра годишно“,- изјави заменик министерот за економија, Христијан Делев, при вчерашната посета на изворот со термо-минерална вода „Стрновац“, од каде најави популаризирање на спа и велнес-туризмот како алтернативен туризам во државата.

Покрај бањското лекувалиште, на површина од 5 хектари, кои ќе се продаваат по едно евро квадрат, предвидено е изградба на хотел и спа центар.

Температурата на минералната вода во Стрновац од 39,5 степени целзиусови а нејзината лековитост е позната во државата и надвор од неа. Секојдневно ја посетуваат голем број кумановсци, кои се капат во импровизиран базен поради ревматски заболувања. Минатата година ја посетиле околу 10.000 капачи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk