Банкар проневерил 60 илјади евра

28.05.2013 10:12 | KumanovoNews

 Д.Т.(41) од Куманово, благајник во Комерцијално Инвестициона Банка АД Куманово, подигнал 60 ијади евра од сметка на клинетка со фалсификуван потпис.

Банкар проневерил 60 илјади евра

Проневерата се случила во ноември 2008 година, кога банкарот во шест наврати изготвил налози за готовинска исплата на парични средства од сметката на Е.Г.Ф.(50) од Куманово, која живее во Шведска.  Наплатите ги евидентирал со електонски потпис  и на место на примател на паричните средства го фалсификувал потписот на Е.Г.Ф., подигнувајќи вкупно 3.659.900 денари. Д.Т. лажните налози ги употребил при раздолжување со дневен промет во евиденцијата на банката.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т. за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, проневера во службата и фалсификување службена исправа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk