Банкарка помогнала да се олесни сметка на авганистанец

24.11.2010 16:20 | KumanovoNews

Измамата се случила во јануари годинава, кога авганистанецот дошол од печалба и открил дека на сметката му недостасуваат 20 илјади евра.

Банкарка помогнала да се олесни сметка на авганистанец

 Н.Д. (30) од Куманово, референт во „Стопанска Банка“ АД Скопје филијала Куманово заработи кривична пријава за несовесно работење во службата, затоа што на сопруга на авганистанец дозволила да подигне повеќе пари од наведеното полномоштво. Според полицијата, банкарката  спротивно на упатството за начинот на постапување на полномошно за располагање со средства за денарско-депозитна сметка, врз основа на нецелосно и несоодветно пополнето полномоно извршила промена во податоците за ко-сопственост за располагање средства од штеден влог. Со тоа на А.П. од Куманово и овозможила да подигне 1.230.000 денари, на штета на нејзиниот сопруг С.П. од Куманово, кој работел во Авганистан.

Измамата се случила во јануари, кога сопругот дошол од печалба и открил дека на сметката му недостасуваат 20 илјади евра. Случајот го пријавил во полиција, по што било откриено дека банкарската службеничка помогнала да се изврши незаконската трансакција.

Пред 5-6 месеци во Тутунска банка Куманово, беше откриен сличен случај кога сопруг подигнал 90 илјади долари од сметката на сопруга која работела во странство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk