Барала мито да забрза постапка за враќање кола

04.08.2010 13:51 | KumanovoNews

 Б.Ј.(34) од Куманово, вработена во Министерство за финансии-Царинска Управа, како самостоен советник, член на комисија за прекршоци во Одделение за прекршочна постапка, е цариничката што вчера била приведена во полицијата, откако примила мито.

Барала мито да забрза постапка за враќање кола

 Според МВР,  кумановката искористувајќи ја својата позиција во два наврати во последните 7 дена, зела поткуп од 300 евра од жена од Стар Дојран за да и изготви документ за враќање на одземено возило кое било предмет на прекршочна постапка. За да го забрза средувањето на  документација, Б.Ј. побарала парична награда, која сопственичката на автомобилот бмв и го дала, а потоа случајот го пријавила во полиција. Откако ги зела парите била, цариничката е приведена во полиција.

Одделот за Организиран криминал до Основно Јавно Обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј. за кривично дело „примање поткуп“.

Приведената во текот на денот ќе биде изведена на распит пред истражен судија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk