Барања за приватизација на земјиште ќе се примаат и во недела

11.12.2014 15:47 | KumanovoNews

Барања за приватизација на државно земјиште ќе се поднесуваат и во недела во подрачните одделенија на Управата за имотно - правни работи, при Министерство за финансии.

Барања за приватизација на земјиште ќе се примаат и во недела

Заклучно со 15 декември, кога е крајниот рок за поднесување барањата за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, ќе работат секој ден, вклучително и недела, со работно време од 8.30 до 19.00 часот. Подрачното одделение во Куманово се наоѓа на улица “Гоце Делчев“ б.б.

Според Министерството за финансии, подрачните одделенија на Управата ќе работат и во недела поради големиот интерес за поднесување барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk