Баскет турнир во чест на „Ноемвриски денови 2021”

08.11.2021 13:32 | KumanovoNews

На спортското игралиште на ОСТУ “Наце Буѓони”- од Куманово, денеска се одржа баскет турнир, по повод одбележувањето на 11 Ноември- Денот на ослободување на Куманово, во рамки на манифестацијата “Ноемвриски денови 2021”.

Баскет турнир во чест на „Ноемвриски денови 2021”

На турнирот учествуваа  ученици од општинските средни училишта, во машка и женска конкуренција. 


Настанот е организиран од Општинскиот сојуз на спортови и Сојузот на училишен спорт. 


Во рамките на програмата за одбележување на 77-годишнината од ослободувањето на Куманово предвидени се и други бројни културни и спортски настани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk