Базенот “Гарден“ ја отвори сезоната за капење

11.06.2014 08:56 | KumanovoNews

Базенот “Гарден“ од завчера официјално започна со работа. 

Базенот “Гарден“ ја отвори сезоната за капење

Менаџерите за ова лето најавуваат изненадувања и многу забава за посетителите.

  - По повод завршувањето на учебната година вечерва имаме латино вечер со познатиот кумановски диџеј Џи. Забавата ќе почне во 21 часот а ќе трае до утринските часови. За Светското првенство во фудбал ќе организираме групно следење на натпреварите на видео бим. Во текот на летото граѓаните можат да не посетат, да уживаат во пливањето, а воедно имаме голем број на пијалоци и храна - велат од “Гарден“.

Дневното капење ќе биде од 10 до 18 часот, а ноќното од 20 часот до полноќ и чини 100 денари.Базенот ќе работи се до почетокот на новата учебна година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk