Базенот за десетина дена достапен и за граѓаните

19.10.2016 13:05 | KumanovoNews

Од крајот на месецот граѓаните ќе можат да ги користат услугите на затворениот базен.

Базенот за десетина дена достапен и за граѓаните

Пред тоа треба да се донесе одлука колку ќе чини дневниот билет и да се изврши предавање на спортскиот објект на ЈП „Чистота и зеленило“.

„До крајот на месецот имаме уште една седница на Совет, на која ќе биде усвоена систематизација и ценовникот на услугите. Од тој момент ќе можат и граѓаните да го користат, мислам дека тоа ќе биде за десетина дена“,- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски. 

Во моментот базенот можат да го користат само учениците и членовите на пливачкиот клуб Аква.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk