Бдеење на кокински мугри во понеделник

28.07.2017 09:43 | KumanovoNews

Во понеделник во раните утрински часови ќе се одржи манифестацијата Бдеење на кокински мугри на мегалитската опсерваторија Кокино.

Бдеење на кокински мугри во понеделник

 Програмата на обредно културно-уметничко чествување на изгрејсонце ќе се одржи од 6 до 7 часот.

За посетителите ќе биде организиран превоз од пред хотел Кристал во 4.45 часот, а оние што ќе одат со индивидуален превоз на Кокино треба да бидат до 6 часот. Сите заинтересирани да се пријават на телефон 031/438-616.

Манифестацијата ја организира општина Куманово, во соработка со Кумановскиот музеј и Друштвото на писатели Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk