Бебето фрлено во тоалет на Табановцe било живо родено

11.07.2016 09:45 | KumanovoNews

Бебето кое апсолвентката од Скопје го фрли во корпа за отпадоци во тоалет на граничниот премин Табановце,  по што замина на екскурзија, било родено живо – покажале разултатите од обдукцијата што стигнале во Основното јавно обвинителство во Куманово.

Бебето фрлено во тоалет на Табановцe било живо родено

Резултатите од вештачењето на фетусот што беше пронајден кон крајот на март годинава во тоалет на граничниот премин Табановце покажуваат дека новороденчето било живо неколку минути. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово продолжува со истражната постапка и нареди дополнителни вештачења – велат од Обвинителството за порталот СДК. мк.

Настанот се случил на 29 март, кога дваесет и тригодишната Т.И. која била во поодмината бременост тргнала со своите колеги на екскурзија. Додека чекала на граничниот премин да ја поминат пасошката контрола почувствувала силни болки во стомакот и заминала во тоалетот. Таму се породила и го фрлила бебето во корпа за отпадоци, по што го покрила со хартија. Потоа се вратила во автобусот и продолжила со патувањето. Бидејќи и’ се влошила здравствената состојба била примена на гинеколошко одделение во Прага, Чешка.

Мртвото новороденче било пронајдено наредниот ден додека вработените го чистеле тоалетот. Случајот бил пријавен во Кумановската полиција, а по прегледување на камерите и во соработка со организаторите на ексурзијата утврден е идентитетот на мајката. На 18 април кога се вратила од патувањето девојката била приведена.

Т.И. ќе одговара за убиство на дете при породување. Таа се бранела во полиција дека не знаела оти е бремена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk