Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Kумановскиот театар вечерва ќе го одбележи 27-ми март, Светскиот ден на театарот со претставата „Бегај еве ја жена ти , па не баш“, според мотиви на Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски и со читање на пораката за театрите.
Годинава меѓународната порака е од француската актерка Изабел Ипер, а македонската од костимографот и режисер, Благоја Мицевски.
Театар Куманово има навистина богата продукција, се наоѓа веднаш до скопскиот, битолскиот и најголемите театари во Македонија. Тоа го докажуваме и со следнава премиера која ја очекуваме на 6. април на „Хај фај“ од Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи“-истакна директорот Сашо Костовски.
Манифестацијата ќе започне во 20 часот, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk