Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Млад Алжирец премрзнал во цистерна за превоз на хемикалии во товарен воз кој сообраќал од Гевгелија кон Србија, додека се обидувал нелегално да ја помине македонско-српската граница.
Мигрантот бил откриен од граничната полиција на Табановце и предаден во кампот, каде се пожалил дека му било многу студено додека патувал и има проблеми со нозете, пренесува СДК.мк
„Претставници на Црвениот крст пред 4 дена на нашето одделение донесоа мигрант на возраст од околу 20 години со смрзнатини на нозете. По извршениот преглед констатирано е дека му смрзнале прстите и стапалото на десната нога. Хируршки е интевренирано и сместен е на одделението, се наоѓа во стабилна состојба. Човекот покрај тоа што беше премрзнат беше и прегладнет„, - вели Методија Димковски, началник на хируршкото одделние во Кумановската болница.
Од транзитниот центар Табановце кажуваат дека мигрантот имал среќа што останал жив, бидејќи испарувањето на хемикалиите во цистерната можело да биде фатално по неговото здравје.
„Не знаме каде влегол во цистерната, но можел да се угуши. За негова среќа, додека да се завршат граничните формалности полицијата го открила. Сам беше во цистерната, а дали патувал со уште некој друг ќе се испитува откако ќе оздрави, - вели Горан Стојановски, раководител на кампот Табановце.
Стојановски додава дека ова е втор случај да смрзне мигрант на ниските температури од почетокот на годината. Пред петнаесетина дена, во Лојане било пронајдено премрзнато 16-годишно момче и донесено кај нив. Тие му пружиле прва помош, а примал терапија во Кумановската болница, по што му е одреден старател и префрлен на лекување на Скопските клиники.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk