Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бекатон плочки поставени се на улиците „Крушевска република„ и “Боро Прцан“, кои се наоѓаат во близина на основното училиште „Толи Зордумис“.
Со тоа се реши повеќе годишниот проблем со неасфалтираните и каливи улици во тој дел на градот.
„Староседелец сум овде во маало, улицата беше никаква. Порано беше калдрма па ја ископаа поради поставување на фекална канализација. Сега е добро, - вели еден од станарите.
Улиците се со површина од 1870 метри квадратни, а чини 1.8 милиони денари.
„Овој проект е завршен. Останува уште еден крак од улицата Осоговска, каде што се изработува канализациона мрежа. И таму ќе се бекатонира, со што ќе се заврши овој комунален инфрструктурен проблем на овој дел од градот, кој е густо населен. Тој е мултиетнички и пример е за граѓански соживот и мултикултурно живеење, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски на свеченото отворање на улицата.
Проектот за тековно одржување на улиците предвидува поставување на 10.000 квадраи бекатон и 30.000 квадратни метри асфалтни подлоги.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk