Бенефиции за фирмите што ќе вработат социјалци

10.12.2013 16:09 | KumanovoNews

Фирмите од градот можат да аплицираат во Агенцијата за вработување до 20 декември, за вработување на лица од социјално загрозените семејства.

Бенефиции за фирмите што ќе вработат социјалци

Програмата предвидува 14.000 денари месечно за работникот плус 3.000 денари за работодавачот.

Мерката трае 6 месеци, плус уште 6 месеци работодавачот е должен да го задржи работникот на работа. Социјалците ги повикуваме на телефон, ги информираме, но слаб е одзивот на работодавачите. Апелирам до нив да се информираат, бидејќи се работи за поволна мерка - изјави Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

Со оваа програма на ниво на Македонија ќе се вработат 120 социјалци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk