Бензините и дизелот неделава со иста цена

29.07.2019 10:34 | KumanovoNews

Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменти. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да останат на ниво утврдено претходната недела.

Бензините и дизелот неделава со иста цена

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 69,50денари за литар, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 71,50денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот 61,50 денари за литар.

Промена има кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) каде има зголемување за 0,50 денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 22 јули 2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 и ќе изнесува 34,181денар за килограм.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk