Бензините и дизелот поевтинуваат од 1,5 до 3,5 денари

29.10.2018 16:04 | KumanovoNews

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат од 1,5 денари до 3,5 денари.

Бензините и дизелот поевтинуваат од 1,5 до 3,5 денари

Најмногу се намалува Еуросупер БС-98, односно за 3,5 денари, а најмалку дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 се намалува за 3 денари.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 73 ден/литар, на Еуросупер БС-95, 71,50 ден/литар, а дизелот по цена од 67,50 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 56,50 ден/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 ден/кг што значи дека тој сега ќе се продава по цена од 37,414 ден/кг.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светските пазари во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk