Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

28.03.2022 12:40 | Сузана Николиќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22% во однос на одлуката од пред три дена.

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 и еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 ден/лит и од полноќ ќе чинат - 83,50 ден/лит, 85,50 ден/лит и 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3 ден/лит, на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,140 ден/кг -  84 ден/лит и 57,347 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 Моторен бензин - еуросупер БС -  95        -           83,50 (денари/литар)

- Моторен бензин - еуросупер БС – 98         -         85,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - еуродизел БС (Д-Е V)         -         87,50 (денари/литар)

- Масло за горење - екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      -     84 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС            -             57,347 (денари/килограм)

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk