Бензините поевтини за 1, дизелот за 1,5 денари

25.07.2022 13:18 | Жаклина Цветковска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89%, со што бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за еден, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,5 денар.

Бензините поевтини за 1, дизелот за 1,5 денари

Од вечер на полноќ, според одлуката на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 95,5 денари/литар,

ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 98 денари/литар, а дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 96 денари/литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така поевтинува за 1,50 денари и ќе чини 94,5 денари/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и од полноќ ќе изнесува 52,840 ден/кг.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk