Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

07.12.2020 13:10 | KumanovoNews

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 за 1,50 денар/литар, додека цената на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 1,00 денар/литар.

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти.

Од вечер на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава за 59,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 61 денар, Еуродизелот (Д-Е V) за 53 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 53 денари, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг. И ќе се продава по 28,368  (денари/килограм).

Според Регулаторната комисија за енергетика, во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 1,042%, дизелот за 1,524%, екстра лесното масло има зголемување во просек за 1,409 %   и кај мазутот од 0,73%.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk