Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бензините ќе поевтинат за половина денар од ноќеска по полноќ, а кај дизелот нема да има промена на цената, информираат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68,00ден/лит, додека пак малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 70,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе остане непроменета и изнесува 62,00ден/лит.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се зголемува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 51,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе биде 33,344ден/кг.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk