Бензините поевтинуваат за 1,5 денари

26.07.2021 12:50 | Сузана Николиќ

Maлопродажните цени на нафтените деривати од денеска на полноќ ќе бидат во просек намалени за 2,2 отсто во однос на досегашните, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

 

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,880 ден/кг.

Еуросупер БС - 95        71,00   (денари/литар)

Еуросупер БС -98         73,00   (денари/литар)

Еуродизел БС (Д-Е V)  60,00   (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   62,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                 36,880  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат  намалување: бензинот за 4,152 %, дизелот за 4,259 %, екстра лесното масло за 4,631 % и кај мазутот намалувањето е за 4,31%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,365%, соопшти РКЕ.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk