Бензините поевтинуваат за 4,5, а дизелот за три денари

12.11.2018 18:34 | KumanovoNews

Цената на бензините од полноќ ќе се намали за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари.

Бензините поевтинуваат за 4,5, а дизелот за три денари

„Денеска имаме едно од најголемите намалувања на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Тоа не е наша заслуга, ниту претходно по наша заслуга или вина беше зголемувањето на цената на горивата, едноставно такви се трендовите на берзата за нафта. Ние само ја применуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Билсимовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk