Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар, додека цената на Еуродизелот останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на БС-95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 70,50 денари за литар, додека цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 72,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 64,50 денари за литар. Дизелот ќе продолжи да се продава за 64,50 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 денари за килограм и ќе изнесува 32,133.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk