Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува по иста цена

13.04.2020 10:26 | KumanovoNews

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста, а за половина денар поевтинува екстра лесното масло за домаќинствата од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува по иста цена

Според одлуката на РКЕ, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 50,50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 45 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 33 денари за литар.

Поскапување има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, за 2,136 денари и килограм од овој нергенс ќе се продава за  20,106 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk