Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот по стара цена

08.03.2021 13:39 | KumanovoNews

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).  Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот по стара цена

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 66 денари, а на Еуросупер БС – 98, 68 денари за литар. Цената на Еуродизел БС (Д-Е V) останува 56, а на Екстра лесно масло за домаќинствата (ЕЛ-1) 45 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,446 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,843 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени од РКЕ ги наведува  зголемените референтни цени во изминатите седум дена на светските берзи кај бензинот во просек за 1,397 отсто и  намалените кај дизелот за 0,124 отсто, како и за 0,832 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk