Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бензинот Еуросупер БС-95 од полноќ поскапува за половина денар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98, на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-9 ќе изнесува 71,50 денари за литар.
Цената на Еуросупер БС-98 останува 73 денари, на Еуродизелот 62,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 денари.
Согласно одлуката, се намалува цената на мазутот и ќе изнесува 33,65 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесуваше 73, 86 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,43 денари за долар.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk