Бензинот ќе поскапи, дизелот поевтин

27.03.2023 13:27 | KumanovoNews

Цената на бензинот од 95 октани се зголемува за 1 денар, додека бензинот од 98 октани поскапува за 1,5 денари по литар.  

Бензинот ќе поскапи, дизелот поевтин

Малопродажната  цена  на  Мазутот  М-1 НС  се зголемува за 0,550 денари за килограм. Малопродажната цена на дизел горивото од вечерва на полноќ се намалува за 1 денар по литар, додека нафтата за домаќинствата поевтинува за 1,5 денари. 

Максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: 

 Моторен бензин Еуросупер БС - 95         82,00 (денари/литар) 

Моторен бензин Еуросупер БС - 98         84,50 (денари/литар) 

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)         73,00 (денари/литар) 

Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1)   72,00 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС                                             37,628 (денари/килограм) 

Од Регулаторната комисија за енергетика потсетуваат дека трговците можат нафтените деривати да ги продаваат по пониска цена. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk