Бензинот поевтин за 2,5 денари, дизелот за 1,5 денари за литар

04.04.2022 17:42 | Сузана Николиќ

Од вечерва по полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. 

Бензинот поевтин за 2,5 денари, дизелот за 1,5 денари за литар

Цената на бензинот се намалува за 2,5 денари по литар, а на дизел горивото за 1,5 денари. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95  ќе изнесува 81 денар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 83 денари за литар, додека дизел горивото ќе чини 82 денари, а литар нафта за домаќинствата 78,5 денари, која поевтинува за 1 денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг и ќе изнесува 54,154 денари за килограм.

Регулаторната комисија информира дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 2,50 % во однос на последната ценовна промена.

Комисијата уште еднаш потсетува дека тоа се максималните цени, а дека трговците може да горивата да ги продаваат и по пониски цени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk