Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 е 75 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 77 денари, а еуродизел (Д-Е-V) за 73 денари за литар.
Малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство не се менува и останува 69,5 денари за литар.
За 0,756 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 34,865 денари.
Од Регулаторна велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,335 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,379 отсто, а кај екстралесното масло за 0,51 отсто, додека кај мазутот има намалување за 3,089 отсто.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk