Бензинот поскапува за половина денар

04.01.2021 13:08 | KumanovoNews

 Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва по полноќ поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот поскапува за половина денар

Цените на останатите горива остануваат исти.

Со новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 останува по истата цена од 62,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава 53 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе се зголеми за 0,062 денари за килограм и ќе изнесува 28,763 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk