Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oбезбеден e бесплатен скрининг за 2.000 пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување, најавија министерот за здравство д-р Илир Демири и генералниот директор на Диаверум Димитар Клисаровски.
„Скринингот отпочнува овој месец, ќе трае четири месеци и ќе опфати вкупно 2.000 пациенти во ризик на територијата на цела држава. Заедничките компетенции и ресурси од областа на бубрежното здравје ќе бидат на располагање за што поширок опфат, превенција и подостапна нега на популацијата, што всушност е дел од годинешното мото на Светскиот ден на бубрегот“, рече Демири.
Клисаровски потенцираше дека финансиската реализација на проектот во целост е на здравствените установи Диаверум и Нефроплус, со што прегледите за пациентите ќе бидат бесплатни.
Граѓаните кои се во ризик за развој на хронично бубрежно заболување, ќе бидат контактирани од страна на здравствените установи и повикани на бесплатен преглед. Скринингот ќе ги опфати следните градови: Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Железара, Визбегово, Делчево, Гевгелија, Штип, Кочани и Струмица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk