Бесплатен влез во Кумановскиот музеј по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите

17.04.2024 13:33 | Теодора Стоевска

Со бесплатен влез за посетителите, Музеј Куманово утре (четврток) ќе го одбележи Светскиот ден на спомениците и локалитетите.

Бесплатен влез во Кумановскиот музеј по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите

Граѓаните и љубителите на културата ќе можат да ги посетат постојаната поставка во Музеј Куманово, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и мегалитската опсерваторија Кокино.
 
„По повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите – 18 април, Националната установа Музеј Куманово ќе обезбеди бесплатен влез за сите посетители. Ова е иницијатива на Министерството за култура неколку години наназад за целата културна мрежа на ниво на државата, за спомениците и локалитетите“, изјави Марија Миљуш - Божурска, директорка на НУ Музеј Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk