Бесплатна фото школа во клубот Куманово

06.09.2016 08:29 | KumanovoNews

Од први до 15 септември трае уписот за бесплатната фото школа што ја организира Фото Клуб Куманово.

Бесплатна фото школа во клубот Куманово

„Фото школата е во траење од 9 месеци и е поделена во две тематски целини: основи на фотографијата и дигитална лабараторија (изучување на Adobe Photoshop). Предавањата ке се одржуваат секој викенд и се поделени на теоретски дел (сабота) и практични вежби (недела). Курсистите што успешно ќе ја завршат фото школата ќе се стекнат со диплома за успешно завршен курс по уметничка фотографија, а најуспешните фотографии ќе бидат изложени на фото фестивалот „Малински“, - соопштуваат од клубот.

Почетокот на курсот е планиран за втората половина на септември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk