Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националниот ромски центар нуди бесплатна правна помош и застапување на суд, за Ромите кои се тужени од Фондот за здравствено осигурување, бидејќи поднеле лажни изјави за остварени приходи.
Од организацијата ги повикуваат Ромите кои се соочуваат со ваков проблем, помош да побараат кај нив.
Фондот за здравствено осигурување поднесува кривични пријави за граѓаните кои дале лажна изјава и го оштетиле Фондот, и се стекнале со право на здравствено осигурување. Огромен број на граѓани ширум Македонија, имаат добиено казнени налози, со кои што им се одредува условна казна и имаат рок од 8 дена да приговараат, односно да одат на судење со кое што евентуално би ја докажале својата невиност во тој процес. Во Куманово претпоставувам дека има такви случаи, но до нас не се обратиле граѓани со такви правни проблеми - велат од НРЦ.
Канцелариите на НРЦ се отворени и за сите други граѓани кои сакаат да побараат правен совет за ваков проблем.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk