Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Ден на театарот, утре / среда/ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ бесплатно ќе се играат претставите „Црвенкапа“ и „Соѕвездија“.
Бесплатните билети ќе можат да се подигнат на билетарата на Центар за култура од 11 до 19 часот. За двете претстави предвидени се по 50 до 60 билети, а ќе бидат поделени по принципот прв дојден, прв услужен.
Детската претстава „Црвенкапа“ ќе биде одиграна од 16 часот во малата сала, а камерната претстава „Соѕвездија“ ќе биде одиграна од 19 часот во голема сала.
Центарот за култура утре ќе го посетат ученици кои ќе се запознаат со актерите од албанската драма и начинот на подготвување и играње на театарски претстави.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk