Бесплатни КА Модули „Спорт Клуб Прајм“ и „Синеманија“ во дигиталната платформа на Близу

01.03.2013 10:56 | KumanovoNews

 Покрај воведувањето на КА модулите и 5-те нови канали, од операторот најавуваат постојано освежување на своето портфолио

Бесплатни КА Модули „Спорт Клуб Прајм“ и „Синеманија“ во дигиталната платформа на Близу

Телекомуникацискиот оператор „Близу“  од денеска воведува новитет во своето портфолио – Ка Модул (CAM - кратенка од “conditional access module”, кој овозможува следење на дигитална телевизија без користење на приемник). Опремата претставува електронска направа во која се вметнува Conax картичката и се приклучува директно на телевизорот. CA Module- от ќе биде бесплатен за корисниците на пакетите Екстра и Премиум, а останатите ќе може да го користат за само 50 денари месечно.

    Покрај CA module-от, Операторот ја  дополнува дигиталната платформа со 5 нови канали: „Спорт Клуб Прајм“ (Sport Klub Prime), „Синеманија“ (Cinemania), „Ултра“ (Ultra), „Фишинг и Хантинг“ (Fishing&Hunting) и „Голф Клуб“ (Golf Klub). Корисниците на дигиталната телевизија на „Близу“ ќе може да ги гледаат каналите бесплатно до 31 март.

    Новиот канал „Спорт Клуб Прајм“ e атрактивен канал кој емитува квалитетни спортски настани додека пак филмскиот канал „Синеманија“е со вклучен превод на целата содржина.

Операторот најавува дека и покрај овие новини, работи постојано на освежување на целото портфолио, будно следејќи ги желбите на своите потрошувачи.

Во моментов „Близу“ е оператор кој нуди на своите корисници: дигитална телевизија со 120 и 8 ХД канали, најбогат пакет на албански канали, неограничен интернет со брзини до 50 Mpbs и фиксна телефонија со вклучени бесплатни 600 минути и неограничени разговори во мрежата на „Близу“. Корисниците се опслужуваат 365 дена во годината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk