Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Налепниците за регистарските таблички на возила со ознаката „НМК“ ќе бидат бесплатни, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат на товар на МВР“, соопшти МВР.
Сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код МК, треба заклучно со 12 февруари да ги заменат со новиот код НМК.
Без налепница „НМК“ после 12 февруари не ќе може да се излезе од земјава со кола.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk