Бесплатни обуки за Ц, Д и Ц+Е- категорија за невработените

20.11.2017 10:00 | KumanovoNews

Агенцијата за вработување објави јавен повик за бесплатна обука за возачи за Ц, Д и Ц+Е- категорија.

Бесплатни обуки за Ц, Д и Ц+Е- категорија за невработените

Може да се пријават исклучиво невработени евидентирани лица, а обуките ќе се спроведуваат од страна на лиценцирани автошколи во траење од еден месец.

По завршување на обуката успешните кандидати ќе полагаат возачки испит за „Ц“, ,,Д” или ,,Ц+Е“ категорија во лиценцирани испитни центри.    

„Критериуми за учество се следни: за Ц категорија – да поседуваат важечка дозвола за категорија „Б“ (минимум 1 година) и да се на возраст над 21 година, за Д категорија да поседуваат важечка дозвола за категорија „Ц“ (минимум 2 години) и да се на возраст над 24 години и за Ц+Е категорија да поседуваат важечка дозвола за категорија „Ц“ (минимум 1 година) и да се на возраст над 21 година, - изјави Марија Димитријевска, в.д. директор во Центарот за вработување.

Заинтересираните невработени лица за учество во мерката можат да аплицираат до 23.11.2017 година во Центарот за вработување Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk