Бесплатни испитувања за генетски нарушувања на плодот на бремените жени отсега и во Кумановската болница

24.11.2023 15:52 | Оливера Пешевска

Во Општа болница Куманово од неодамна се вршат лабораториски тестирања со методот "Бенетеч пра-софтвер" за пренатален скрининг, испитување кое овозможува да се следи состојба на плодот во првиот и вториот триместар од бременоста. Тие се бесплатни за пациентките со упат од лекар специјалист гинеколог- акушер.

Бесплатни испитувања за генетски нарушувања на плодот на бремените жени отсега и во Кумановската болница

 И законот наложува превентивни, скрининг испитувања кои ќе ги детектираат генетските заболувања кај плодот.

„Со упат од лекар специјалист кој ја води бременоста за проверка на крвна слика може да се направи и испитувања за генетски нарушувања на плодот. Со овој во првиот семестар од бременоста можат да се утврдат хромозомски абнормалности за Едвардов и Патау синдром, а во вториот пресметува за Даунов синдром, трисомија 18,ОСБ и СЛОС синдроми“, истакна спец. д-р Мевљане Исмани, раководител на биохемиската лабараторија.

Со новите технологии превентивно се детектираат одредени нарушувања и навремено може да се реагира за да се зачува здравјето и на бремените жени и на бебињата. Со ова услуга се проширува списокот на дијагностички испитувања особено важни за идните мајки.

„Услугата што ја воведовме е битна за лекарите, затоа што дава сигурност во поглед на здравствената состојба на плодот, но е значителна заштеда и на семејствата кои очекуваат принова. Вакви испитувања во приватните лабаратории чинат од 5 до 6 илјади денари“, појаснува д-р Исмани.

Софтверот кој ги врши овие анализи е набавен со сопствени средства на Општа болница Куманово. Од институцијата најавуваат и други новини и проширување на достапни услуги за пациентите, за кои дополнително ќе ја информираат јавноста.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk